Наши услуги

Ние го слушаме вашето срце

Кор Медико

Приватна здравствена организација по интерна медицина и кардиологија

Градиме партнерства со пациетите и тоа е наша и нивна најголема придобивка, која ја оддржуваме и унапредуваме во континуитет, затоа што решавањето на здравствените предизвици се наша цел.
Закажување

Закажување

Ние го слушаме вашето срце
Докторски преглед

Докторски преглед

Ние го слушаме вашето срце
Управување со Третманот

Управување со Третманот

Ние го слушаме вашето срце
Уживајте во животот

Уживајте во животот

Ние го слушаме вашето срце

Блог

Новости / Совети

Станете дел од нашата програма и добивајте редовни здравствени совети и известувања за нашите акции преку е-порака.

Comments

Аритмијата (атријална фибрилација) значително го зголемува ризикот за мозочен удар

Атријална фибрилација(АФ) која трае 5 и повеќе минути веќе носи ризик од мозочен удар. Според една студија ризикот се зголемува за 2% со секо час траење на АФ. Според друга…
Comments

Информираната одлука на пациентот- важен фактор за успех за секоја дијагностичка

Секоја дијагностичка или терапевтска процедура се заснова на информирана согласност на пациентот. Пред да потпише согласност на пациентот мора да му бида јасно предочени користа но и ризиците од процедурата…

Кор Медико

Најчесто поставувани прашања

Консултација со кардиолог не е неопходна за сите пациенти кај кои ќе се започне лекување. Кај оние пациенти што немаат никаков или имаат минимален ризик да развијат некаков облик на кардиотоксичност, нема потреба за дополнителни иследувања или посета на специјалист кардиолог. Но доколку постои ризик за развој на кардиотоксичност, тогаш медицинскиот тим ќе назначи дополнителни кардиолошки иследувања, а ако има потреба, и консултација со специјалист кардиолог.

Голем дел од овие иследувања се прават, прво, пред започнување на лекувањето со цел процена на базичниот ризик, но и за да се види дали во иднина ќе се јави некаква промена.

Најчестите кардиолошки тестови опфаќаат: eлектрокардиограм (ЕКГ), кардијални биомаркери (преку крв), ехокардиографски преглед, а во некои случаи и срцева магнетна резонанса и компјутерска томографија на срце.

Според проценетиот базичен ризик, пациентите се класифицираат во три групи, група со низок ризик, група со среден ризик и група со висок ризик. Кај групата со висок ризик се препорачува, освен често мониторирање на функцијата на срцето, консултација со специјалист-кардиолог пред започнување и во текот на лекувањето. Кај одредени пациенти од оваа група, со цел намалување на ризикот, може да биде ординирана терапија која ќе доведе до намалување на можното оштетување – кардиопротективна терапија.

Што можам да направам за да го намалам ризикот од кардиотоксичност?
Здрав животен стил може да го минимизира ризикот од појава на срцеви/циркулаторни проблеми. Здрава исхрана, редукција на телесна тежина во случај на обезност, редовна физичка активност, како и прекин на пушење и намалување на внес на алкохол се препорачуваат за сите пациенти што ќе започнат со лекување.
Исто така, придржување кон терапијата за срце (доколку пациентот има позната болест) е неопходно и во текот на лекувањето на малигното заболување.
Доколку имам срцев проблем, дали е безбедно да ја примам препорачаната антиканцер-терапија?

Кај пациенти со претходни срцеви заболувања постои поголема веројатност од развој на кардиотоксичност. Но во најголемиот број од случаите ова не е причина за да не се започне со најоптималната терапија. Во овие ситуации одлуката најчесто се носи тимски, во тесна соработка меѓу онкологот и кардиологот. Потоа на пациентот треба да му се објаснат сите можни ризици, како и бенефити од планираната терапија пред започнување со неа.

Најчести симптоми на кои треба да се обрати внимание се:

• Градна болка
• Отежнато дишење
• Оток на нозете ( на една или на двете)
• Вртоглавица, несвестица
• Замор
• Срцебиење
Во ваков случај неопходна е консултација со лекар.

 
Во случај на развивање каков било облик на кардиотоксичност, медицинскиот тим може да донесе одлука да продолжи со истиот третман, но со често мониторирање, привремено да го прекине третманот или трајно да го промени третманот и да направи замена со друг вид терапија.


Кардиоонколошка грижа по завршување на лекувањето
Во ретки случаи, антиканцер-третманот може да предизвика оштетувања кои ќе се манифестираат по месеци, а и години од завршувањето на лекувањето. Во вакви ситуации најчести манифестации се: срцева слабост, коронарна артериска болест, висок крвен притисок, аритмии и болести на залистоците.
Затоа, по завршување на лекувањето, зависно од ризикот, се препорачува понатамошно следење кое може да биде на неколку месеци или еднаш годишно.

Галерија

Кор Медико

Мапа

Кор Медико

Насловна